Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Вардар го прегази Мешков Брест и обезбеди финале на СЕХА лигата
    Ракомет

    Вардар го прегази Мешков Брест и обезбеди финале на СЕХА лигата

    risteBy riste13/04/2018No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Актуелниот шампион на СЕХА лигата , Вардар славеше во полуфиналето од завршниот турнир кој денес стартуваше во Скопје и со тоа доби шанса да ја брани титулата освоена минатата година во Брест.

    „Црвено-црните“ стигнаа до оваа можност по убедливата победа над белорускиот шампион Мешков Брест со 33:24. Како што се oчекуваше Вардар иште од почетокот покажа дека сака брзо да го реши победникот на оваа средба и по почетните испитувања на силите дојде до предност од 10:6, но потоа Мешков Брест успеа да го намали резултатот на 12:10, а по тајм-аутот на Вардар , „црвено-црните“ напрваија серија од 4:0 и дојдоа до предност од 16:10, за на одмор да заминат со резултат од 17:14.

    Гостите не можеа да парираат во продолжението од мечот, затоа што за противник го имаа расположениот Вардаркој ја зголемуваше предноста која во еден момент (51 минута) беше +10 (30:20), з ана крајот мечот да заврши со победа на Вардар од 33:24.

    Најдобар стрелец во Вардар беше Лука Циндриќ со шест голови, Борозан постигна пет, додека по четирии имаа Карачиќ, Чупиќ и Шишкарев. Арпад Штербик исто така беше одличен на голот со 18 одбрани. Кај Мешков Брест се истакнаа Баранау со осум и Шумак со три голови.

    Финалниот натпревар се игра в недела со почеток во 20.15 часот,  а противникот на Вардар ќе биде победникот од дуелот меѓу Загреб и Целје, додека натпреварот за трето место започнува во 17.45 часот во СЦ „Јане Сандански“.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Валтер: Повредите се причина за слабиот старт во СЕХА

    03/02/2023

    Червар: Ме сменија зошто сметаат дека сум опасност за некого

    03/02/2023

    Одредени групите во женскиот ракометен Куп на Македонија

    01/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Кевин Трап останува во Ајнтрахт Франкфурт до 2026 година
    • Месут Озил на 34 години ја завршува кариерата
    • Моцарт е нов генерален спонзор на ТФТ
    • Валтер: Повредите се причина за слабиот старт во СЕХА
    • Форд ќе прави мотори за Ред Бул од 2026 година
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.