Вардар не му дозволи ново изненадување во пресметките со Алкалоид и со висока победа од 31:22 обезбеди место во финалниот меч од Купот на Македонија. Во второто полуфинале вечерва во Охрид, Вардар славеше со 31:22 и закажа нова пресметка со Е. Пелистер, овој пат во битка за куп-трофејот.
Брилијантен на голот на Вардар вечерва беше Мартин Томовски кој запиша 17 одбрани, од кои девет во првото полувреме. Манасков со 12 гола беше најефикасен кај Вардар, а кај Алкалоид Серафимов постигна шест гола. Финалето меѓу Вардар и Пелистер е закажано за во сабота.