Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Вардар го претстави Милосављев, српскиот голман со три годишен договор
    Ракомет

    Вардар го претстави Милосављев, српскиот голман со три годишен договор

    risteBy riste24/07/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Репрезентативниот голман на Србија, Дејан Милосављев (22) од денеска треба да се приклучи на подготовките на Вардар и да биде член на екипата во наредните три сезони. Тој доаѓа од екипата на Партизан од Белград и важи за еден од најпреспективните голмани.

    Со своите 196 см. Милосављев делува импозантно меѓу стативите. Беше дел од репрезентацијата на Србија на ЕП во Хрватска. Иако не доби шанса да брани тренираше со колегите што покажува дека на него сериозно се смета. Тој уште во 2015 година беше повикан во сениорската репрезентација на Србија.

    Милосављев потекнува од екипата на Југовиќ од Каќ каде играле многу познати ракометари што потоа направиле светска кариера.
    Две сезони настапуваше за Партизан од Белград, а малку време мина и во Катар во тимот на Лехвија како позајмен играч.

    Нашиот ракометен шампион Вардар од денеска ги почнува подготовките за новата сезона. Една недела ќе се работи во Скопје, потоа се заминува на подготовки во Словенија, а од таму во Германија на турнир. Потоа екипата се враќа во Скопје, па ќе го игра мечот од Супер Купот во Струга и на крајот од август повторно ќе игра на турнир, но во Франција.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Кизиќ: Оваа победа ќе биде стимул за следни предизвици

    15/03/2023

    Јовиќ пред Нексе: Од играчите ќе барам лавoвска борбеност

    13/03/2023

    Португалија пресилна за Македонија и по втор пат

    12/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Серхо Бускетс наскоро ќе донесе одлука за својата иднина
    • Френки де Јонг отпадна од составот на Холандија поради повреда
    • Севиља одлучи да го отпушти тренерот Хорхе Сампаоли 
    • Верстапен не е задоволен од второто место
    • ВБА им постави ултиматум на Фјури и на Усик
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.