Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Вардар го промовираше талентираниот Бобан Поповски
    Ракомет

    Вардар го промовираше талентираниот Бобан Поповски

    risteBy riste14/01/2026No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометниот клуб Вардар 1961 го потврди потписот со едно од најперспективните крила во земјава, Бобан Поповски кој доаѓа од редовите на Мулти Есенс. 

    Станува збор за момче кое има само 17 години, а потекнува од школата на Преспа, за потоа да му се приклучи на развојниот тим на Алкалоид. Поповски беше дел од кадетските и младинските тимови, пред да заигра за Мулти Есенс со кој играше во Првата лига. Тој е и стандарден член на младинските репрезентации на Македонија до својата генерација.

    Со потписот на Бобан Поповски „црвено-црните“ доведоа директна замена за капитенот Гоце Георгиевски кој е пред крај на кариерата. Младото момче игра како десно крило и ќе може да работи и учи од искусниот Гоце Георгиевски.

    Вардарци веќе сериозно работат на комплетирање на тимот за следната сезона со тоа што се обезбедени потписите на неколку важни играчи од актуелниот ростер, но договорени се и нови засилувања.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.