Македонскиот ракометен шампион Вардар, конечно го решава проблемот на голманската позиција со тоа што го договори трансфер на алжирскиот 21-годишен чувар на мрежата Калифа Гедбан.
Алжирецот го бранеше голот на јуниорската репрезентација, а требаше да направи трансфер во шпанскиот Анхел Хименез, но истиот не беше реализиран, па затоа голманот кариерата ќе ја продолжи во нашата земја. Тој веќе ги договори личните услови со Вардар и доаѓа во Македонија.
Гедбан беше дел од селекцијата на Алжир на Медитеранските игри во Тарагона, а потоа тренираше со екипата на Анхел Хименез, но тренерот Хулиан Руиз сметал дека не е во потребната форма и затоа не го задржа во екипата. Калифа Гедбан во Скопје доаѓа на местото на Страхиња Милиќ и во моментов ќе биде во можност да се бори за минутажа со Дејан Милосављев и Марко Кизиќ, додека Даниел Ѓорѓевски е повреден.