Ракометниот клуб Вардар денеска објави дека со десното крило Ален Ќосевски спогодбено го раскинале договорот, и играчот е веднаш слободен.
Ален е дете на Вардар, потекнува од младинскиот погон и од екипата на Вардар Јуниор, а од 2019 година е дел од првиот тим. Во црвено-црниот дрес тој помина повеќе сезони во кои прерасна од перспективен млад играч во стандарден член на тимот.
Вардар му се заблагодари на Ален за сите години поминати во клубот, за професионалниот однос и за придонесот што го даде и на терен и во соблекувалната.

