Македонскиот и европски ракометен шампион Вардар го доби и вториот тест натпревар кој го одигра против градскиот ривал Металург со 35:26.
Ракометарите на Вардар предводени од новиот тренер Стевче Алушовски одиграа две различни полувремиња. Во првиот дел дозволија противникот да биде рамноправен и го завршија со предност од 17:15, меѓутоа во второто одиграа како што доликува и дојдоа до убедлива победа.
Вардар со тоа дојде до втората победа во вториот пријателски контролен натпревар по победата на Еурофарм Пелистер. Најдобар кај Вардар беше Тимур Дибиров со осум гола, додека Кристопанс постигна шест, а Чупиќ и Скубе реализираа по пет гола.
Вардар со овој натпревар се подготвува за првиот сериозен предизвик кој ќе го има во Лигата на шампионите, каде на 5 февруари гостува на Кил во Германија.

