Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Вардар ја има најдолгата серија без пораз во СЕХА лигата
    Ракомет

    Вардар ја има најдолгата серија без пораз во СЕХА лигата

    risteBy riste03/09/2018No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометарите на Вардар не само што се рекордери според освоените титули во СЕХА лигата, тие се сопственици и на најдолгата серија без пораз во ова натпреварување.

    Вардар е тимот кој нема пораз во серија од 27 натпревари во СЕХА лигата. Црвено-црните” се единствениот тим што има серија од 27 натпревари без пораз. Натпреварот со Металург во првото коло од СЕХА Газпром лигата беше меч на кој по 26 пат победуваше нашиот шампион.
    Во периодот од 13 декември 2016 година па досега, само еднаш ремизирале и тоа против Мешков на гостувањето лани во Белорусија, 25-25. Тоа беше натпревар веднаш по завршувањето на ЕП во Хрватска каде најголемиот дел од нашите ракометари настапуваа, а дел и во завршницата играа за медали.

    Последен пат екипата на ППД Загреб триумфираше против Вардар на 13 декември 2016 година. Тогаш на гостувањето загубивме со 26-28. Зад Вардар со 25 натпревари без пораз е Веспрем. Тоа го постигнаа во првата сезона од нивното натпреварување во СЕХА (2015/2016) кога имаа 16 победи и две ремија (двете против Вардар) и плус уште седум победи во лседната сезона (2016/2017). Тогаш Вардар победи со 29-22 што беше воедно и највсиокиот пораз за Унгарците во СЕХА.

    Лани „црвено-црните“ беа првиот тим што ја заврши сезоната со 17 победи во регуларниот дел, а потоа уште две победи на Ф4 турнирот.

    Утре (вторник) Вардар е домаќин на натпревар од второто коло во СЕХА лигата против Железничар. Средбата се игра од 20,15 часот во СЦ “Јане Сандански”.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Вардар не го дава врвот, славеше убедливо против Еурофарм Пелистер

    26/03/2023

    Кизиќ: Оваа победа ќе биде стимул за следни предизвици

    15/03/2023

    Јовиќ пред Нексе: Од играчите ќе барам лавoвска борбеност

    13/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Квартараро има проблеми со моторот
    • Холанѓанецот закрепнува побрзо од очекуваното
    • Барса излезе со соопштение
    • Шпанецот го советува Сака
    • Германецот ќе остане во Бенфика
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.