Откако го освоија Суперкупот на Македонија, ракометарите на Вардар повторно ќе бидат на терен – овојпат со мисија да ја започнат одбраната на шампионската титула.
„Црвено-црните“ на домашен терен го пречекуваат Еурофарм Пелистер 2, во натпревар од првото коло на Суперлигата. Вардар во новата сезона влегува со големи амбиции и желба уште од стартот да ја покаже шампионската форма.
Младите ракометари на Еурофарм Пелистер 2 ќе се обидат да го покажат својот квалитет против фаворитот на отварањето на сезоната.
Натпреварот во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ започнува од 18 часот.

