Ракометарите на Вардар успеаја да дојдат до посакуваната победа против Бенфика за осминафинале во ЕХФ Европската лига. Пред полни трибини и одлична атмосфера „црвено-црните“ славеа со 33-27 и сега се сигурни патници во следната фаза, а останува и шансата за директен пласман во четвртфиналето, во зависност од исходот на мечот со Мелсунген во Германија во последното коло.
Малус со девет погодоци беше прв стрелец, додека Воркапиќ постигна осум.
Во моментов Вардар го презеде врвот во групата со 6 бода, колку што има и Мелсунген, кој денеска загуби на гости кај Кристијанштад. Швеѓаните и Бенфика се на делба на 3. и 4. место.

