Ракометниот состав на Вардар кој го ангажираше корпулентниот пивотмен од Полска, Давид Валчак, ќе биде привилегиран при составувањето на групите за наредната сезона во Лигата на шампионите.
„Црвено-црните“ на ждрепката на 1 јули во Виена ќе бидат во првиот шешир заедно со Веспрем, Барселона и ПСЖ. Бидејќи ЕХФ го промени системот на натпреварување, сега 16 екипи ќе бидат поделени во две групи што значи дека „црвено-црните“ може да добијат само еден противник од големите гиганти од Унгарија, Шпанија и Франција. Еве како се поделени екипите.
ШЕШИР 1: Вардар, Веспрем, Барселона, ПСЖ.
ШЕШИР 2: Кил, Киелце, Алборг, Порто.
ШЕШИР 3: Мешков Брест, Мотор, Нант, Пик Сегед.
ШЕШИР 4: Целје, Загреб, Елверум, Фленсбург.
Двете најдобри екипи од секоја група директно ќе се пласираат во четвртфиналето додека тимовите од трето до шесто место ќе разигруваат.