Ракометниот состав Вардар ќе настапи во новата сезона во Лигата на шампионите откако челниците на „црвено-црните“ најавија дека ќе го уплатат депозитот од еден милион евра кој го побара ЕХФ.
Сумата ќе биде уплатена до 27 јули за да се испочитува крајниот рок. Нашиот тим во новата сезона ќе биде во групата А заедно со екипите на: ПИК Сегед, Кил, Алборг, Мешков Брест, Монпелје, Загреб и Елверум.
Вардарци од денеска под диригентската палка на новиот тренер, Веселин Вујовиќ, ќе започнат со подготовки за новите предизвици.