Европската ракометна федерација (ЕХФ) во координација со клубовите и со ТВ куќите што ги пренесуваат натпреварите, ги определи датумите и термините за натпреварите од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Нашиот единствен преставник во Лигата на шампионите, Вардар во оваа фаза од натпреварувањето ќе се сретне со унгарскиот Веспрем. Првиот натпревар ќе се одигра во Скопје, на 1 април со почеток во 18:45 часот, додека реваншот ќе биде во Веспрем на 8 април со почеток во 18:45 часот.
Вардар беше на седмата позиција во групата А, но поради одлуката на ЕХФ, сите екипи да играат во елиминациите ќе игра пртив Веспрем кој заврши како втор во групата Б.
Пред овие два натпревари Вардар ќе треба да одигра уште неколку, два меча од регионалната СЕХА лига, како и натпревари од Купот на Македонија и плеј-офот во Суперлигата.