Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Вардар ќе игра и на следниот Ф4 во Сеха-лигата
    Ракомет

    Вардар ќе игра и на следниот Ф4 во Сеха-лигата

    risteBy riste31/08/2021No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометарите на Вардар иако загубија од ППД Загреб на гостински терен (25:22), сепак ќе играат на завршниот Ф4-турнир во СЕХА-лигата кој следната седмица ќе се игра во Задар.

    Вардар славеше со четири гола во Скопје, а во Хрватска иако имаа добар резултат на десет минути пред крајот и беа пред победа, сепак, на крајот се бореа до последен момент за да ја зачуваат предноста од првата средба.

    Вардар ја продолжи традицијата на учество на Ф4-турнирите и од 2011 година е дел од сите завршници во СЕХА. За разлика од Вардар, Загреб за првпат нема да игра на овој турнир. Вардарци во полуфиналето ќе играат со Мешков Брест, додека втората полуфинална двојка ја сочинуваат Веспрем и Мотор Запорожје.

    Во првиот дел не се играше многу ефикасно и Загреб замина на одмор со предност од 12:10. По паузата ракометарите на Вардар, влегоа фуриозно и со четири гола во низа направија пресврт (12:14). Одличен на голот беше Мартин Томовски, кој успеа да направи серија на неколку одбрани кои му донесоа предност на Вардар. Позитивата од два гола беше доволна да се игра мирно, но Загреб фати приклучок на пет минути пред крајот (21:21), а со два гола во серија дојдоа и до предност 23:21, но сепак на крајот имаа шанса и за повисока победа, откако поведоа со 25:21, а Вардар во последните секунди постигна гол преку Жереми Тото за конечни 25:22 и решавање на сите дилеми на оваа средба.

    Дибиров со 6 и Тото со 4 погодоци беа најефикансите во редовите на Вардар, додека Мартин Томовски ја заврши средбата со 12 одбрани.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Кадетите изборија и втора победа на ЕХФ шампионатот во Рига

    09/08/2022

    Кадетките вечерва против Шведска во главната фаза на СП

    03/08/2022

    Ракометарките со убедлива победа против Узбекистан

    31/07/2022

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Ивановски не го заврши маратонот на ЕП во Минхен
    • Тухел: Хадсон-Одои е на продажба
    • Ачерби си оди од Лацио и сака трансфер во Интер
    • Чурлинов на прегледи и потпис со Барнли
    • Кошаркарите заминаа за Бар: Утре контрола со Црна Гора
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2022 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.