Ракометарите на Вардар дојдоа до втората победа во групата „А“ во Лигата на шампионите откако го совладаа составот на Елверум со 35 спрема 32.
Мечот се одигра во СЦ „Јане Сандански“ а норвежаните на хартија ја имаа улогата на домаќини. Прв стрелец кај „црвено-црните“ беше Дибиров со 9 погодоци пред Георгиевски со шест. Чупиќ, Шеваљевиќ и Гаџа реализираа по пет голови. Во гостинскиот тим се издвоија Пујол и Мате со по 5 успешни реализации.
Според распоредот, Вардар во наредниот меч на 4 март треба да биде домаќин на Мешков Брест.

