Македонскиот ракометен шампион Вардар по натпреварот во Лигата на шампионите, сега се фокусира на СЕХА-лигата каде денес го чека гостински натпревар против ППД Загреб, тим кој е предводен од Лино Червар.
Вардар го доживеа првиот пораз оваа сезона, по голема борба во Келце. Полскиот шампион предводен од поранешниот „вардарец“ Лука Циндриќ успеа д аго совлада Варда, па со пораз го испрати на ова гостување во Хрватска.
Ситуацијата не е добра ниту кај домашната екипа на ППД Загреб, затоа што тимот на Лино Червар во дуелот со Вардар исто така влегува со пораз, загубија убедливо во Лигата на шампионите кај Мотор Запорожје (35:27).
Традицијата вели дека секогаш дуелите меѓу овие два тима се инетересни и неизвесни. Вардар има седум победи во последните седум натпревари со Загреб. Минатата година два дуела во СЕХА и во ЛШ одиграни во Загреб му припаднаа на Вардар со резултат 24:25 и 23:29.
Последен пат Загреб беше подобар од Вардар во 2016 година и тоа на двата натпревари играни таа сезона во ЛШ со 28:27, а потоа и во СЕХА-лигата, со 28:26. Во рамките на оваа сезона од СЕХА -лигата , Вардар е единствениот непоразен тим по 5 одиграни кола, а така посакуваат да остане и по ова гостување кое е на програмата денес со почеток од 17:30 часот.