Ракометарите на Вардар одигра фантастичен натпревар во 3. коло од Лигата на шампионите и успеаја да ја остварат втората победа во групата, овој пат над европскиот вицешампион Алборг со 30:28.
Избраниците на Веселин Вујовиќ со одлична игра во двете полувремиња, успеаја да најдат рецепт за победа против првиот фаворит во групата. Вардар вечерва го имаше неверојатниот Борко Ристовски кој забележа 16 интервенции и го понесе Вардар кој новата победа.
Оливие Њокас постигна седум погодоци, Дибиров кој застана на шест и Жереми Тото кој немаше промашување постигна 5 гола.