Македонскиот ракометен шампион Вардар денес во нова битка за бодови и тоа на гостински терен во Полска против екипата на Киелце.
Веќе се познати и составите со кои ќе настапат двете екипи на оваа средба, а од истите може да се заклучи дека во вардар недостасува само Рожеиро Мораеш Ферера кој остана во Скопје и не отпатува со екипата, а кај домашната екипа на Киелце многу поголеми проблеми. Токму поради тоа во составот ќе имаат само 13 ракометари за оваа средба , а секако носители на играта ќе бидат поранешните вардарци, Алекс Душебаев и Лука Циндриќ.
Тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо ќе може да смета на сите други ракометари освен на Мораеш Фереира. Натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Киелце и Вардар се игра со почеток од 17:00 часот.
Вардар нема добро искуство на натпреварите со Киелце во Полска, на три средби има три порази, но интересно е тоа што ниту еден од нив не бил со поголема разлика од три гола (33:31, 23:20 и 27:24), па токму сега е вистински момент Вардар да ја прекине серијата на домашната екипа.