Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Вардар не го дава врвот, славеше убедливо против Еурофарм Пелистер
    Ракомет

    Вардар не го дава врвот, славеше убедливо против Еурофарм Пелистер

    risteBy riste26/03/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометарите на Вардар го совладаа својот голем ривал во битката за титулата во Макеоднија, Еурофарм Пелистер со 31:24 (13:10)  и со голема предност ќе го продолжат патот кон титулата во Суперлигата.

    Натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ беше одигран во добра атмосфера, која за жал беше прекината во првиот дел поради инцидентот што се случи по влегувањето на трибината на гостинските навивачи.

    Првиот дел беше поизедначен, меѓутоа вардарци одлично го завршија првото со предност од 3 гола разлика (13:10), а исто така одлично го почнаа второто полувреме, период во кој се реши прашањето за победникот. 

    Стартот на второто полувреме понуди перфектна игра на Вардар. Голманот Томовски продолжи да ги брани ударите на битолчани, а од друга страна Манасков, Георгиевски, Дутра и Талески ја направија предноста првпат на плус седум (18:11). Во завршницата од натпреварот Пелистер успеа да намали на 5 гола, но не и да ја задржи таа негатива која на крајот изнесуваше минус 7, односно 31:24.

    Во редовите на Вардар со по седум погодоци најдобри беа Филип Талески и Дејан Манасков, додека кај гостинската екипа Жарко Пешевски постигна пет гола. 

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Шампионски „шпалир“ за новиот шампион Е. Пелистер

    27/05/2023

    МВР: Кривична пријава и суспензија за полицаецот кој го удри Филип Талески

    19/05/2023

    Петриќ од Партизан ќе биде ново засилување за Вардар?

    17/05/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Австрија подобра од нашите одбојкарки во Сребрената лига
    • Одбојкарите поразени од Украина на стартот на Европската Златна лига
    • Шампионски „шпалир“ за новиот шампион Е. Пелистер
    • Верстапен тргнува прв на ГН на Монако
    • Давидовски на Спа ќе вози против најдобрите од ТЦР Светската серија
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.