ЕХФ потврди дека Вардар нема да игра во новата сезона во Лигата на ракометните шампиони.
Бидејќи „црвено-црните“ не го искористија рокот од две години за да ги подмират заостанатите долгови, европската ракометна унија ги исклучи од листата за наредната евро-сезона.
ЕХФ допрва ќе одлучи кој ќе го пополни местото на двократниот европски шампион.