Ракометарите на Вардар со победа ја отворија годинава. Тие на првиот официјален натпревар во рамките на СЕХА конкуренцијата славеа денеска против Војводина со 25 спрема 21.
Нашиот тим од самиот почеток ја имаше контролата на мечот и сосема заслужено ги прокнижи првите бодови. Гоце Георгиевски и Тимур Дибиров ги предводеа стрелците со по четири голови додека Младен Шотиќ со шест гола беше најефикасен на средбата. Голманот Ристовски имаше десет одбрани.
Вардар наредниот меч во СЕХА лигата ќе го реализира в понеделник во СЦ „Јане Сандански од 20:15 часот против тимот на Нексе.

