Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Вардар остана се празни раце на „врелиот“’ терен во Полска
    Ракомет

    Вардар остана се празни раце на „врелиот“’ терен во Полска

    dinoBy dino14/10/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометарите на Вардар го претрпеа првиот сезонски пораз во групната фаза во Лигата на шампионите.Тие денеска загубија на гостувањето кај Киелце со  31 спрема 27 (16:15).

    Полскиот тим во текот на целиот меч ја имаше контролата врз играта и резултатот и на крајот сосема заслужено прокнижи нови бодови. Вардарци имаа само повремени блескави моменти што не беше доволно да се избегне првиот пораз. Во редовите на „црвено-црните“ најпрецизни беа Скубе и Дибиров со по шест голови додека кај домаќинот се издвои Циндриќ со осум погодоци.

    Вардар во наредното 6 коло на 3 ноември ќе му биде домаќин на Мешков Брест.Во пресрет на тој дуел, нашиот тим заедно со Барселона и Киелце се наоѓа на делба на првото место. Сите три екипи имаат по осум бодови.

     

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    СП 2023: Франција и Данска во реприза на финалето од 2011

    29/01/2023

    Големо признание: Начевски и Николов ќе го судат финалето на СП 2023

    29/01/2023

    Франција посилна за Карабатиќ на вечерашното финале на СП

    29/01/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • СП 2023: Франција и Данска во реприза на финалето од 2011
    • Ивановски поразен во финалето на ИТФ турнирот во Тунис
    • Големо признание: Начевски и Николов ќе го судат финалето на СП 2023
    • Франција посилна за Карабатиќ на вечерашното финале на СП
    • Ѓоковиќ по 10-ти пат го освои Мелбурн и се враќа на врвот на АТП листата
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.