Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Вардар подготвен за Нексе: Со полна сала можеме до победа и Ф4
    Ракомет

    Вардар подготвен за Нексе: Со полна сала можеме до победа и Ф4

    sasoBy saso22/08/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Во пресрет на утрешниот меч со Нексе во рамките на четвртфиналето од СЕХА лигата, ракометарите на Вардар денеска на прес-конференција ги искажаа своитеочекувања. Тренерот Неданосвки и капитенот Стоилов веруваат во квалитетите на овој Вардар и се надеваат на пласман на Ф4 турнирот.

    „Турнирот во Струга го искористивме како еден дел од подготовките за овој меч со Нексе. Имавме и добри и лоши моменти, сите играчи добија шанса, видовме кои играчи можат да понесат поголем товар, а за утрешниот дуел можам да кажам дека не чека дуел со еден одличен тим. Нексе пред неполни два месеци играше и Ф4 во Лигата на Европа. Имаа скоро ист состав, со двајца нови играчи. Добро воиграна екипа, не менува многу, играат одличен ракомет во последниве две сезони. Направивме анализа, немавме многу видео материјали од овој период, но се надевам дека направивме добри подготовки и се надевам на добар резултат на утрешниот дуел“, вели тренерот на Вардар, Владо Недановски.

    „Форматот е таков, се игра само еден натпревар, кој го играме дома против противник кој одлично го знаеме. Тоа е тим кој не го менува ростерот често. Сега е еден натпревар и мислам дека имаме сили за победа. Имавме лимитирано време за подготовка, играме дома и се надевам дека ќе биде полна сала и со поддршка на навивачите да дојдеме до победата“, вели капитенот Стоилов.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Валтер: Повредите се причина за слабиот старт во СЕХА

    03/02/2023

    Червар: Ме сменија зошто сметаат дека сум опасност за некого

    03/02/2023

    Одредени групите во женскиот ракометен Куп на Македонија

    01/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Ивановски поразен во полуфиналето во Тунис
    • „Црвените ѓаволи“ тргнуваат по Ансу Фати?
    • Кошаркарките со Митрашиновиќ за дуелите со БиХ и Белгија
    • Себаљос потпишува нов 4-годишен договор со Реал
    • Клоп во одбрана на Салах: Тој е спортист од светска класа
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.