Ракометарите на Вардар вечерва од 20.45 часот ја пречекува Бенфика во петтото коло од Лигата на Европа на ЕХФ, а „црвено-црните“ ќе се обидат да му се реваншираат на португалскиот тим за поразот од 35:40 во Лисабон.
Вардар не одигра во своето препознатлово ниво во првиот меѓусебен натпревар со Бенфика, за што призна и тренерот Иван Чупиќ на вчерашната прес-конференција, но затоа најави дека на реваншот ќе се обидат да го прикажат вистинското лице и да се покажат во подобро светло од првиот дуел во Лисабон.
Вардар со победа ќе го обезбеди својот пласман во осминафиналето на Лига Европа, но ќе остане и во трка за четвртфинале во елитното натпреварување на ЕХФ.
Пред одигрувањето на денешните натпревари, Мелсунген е лидер со шест бодови и ќе се соочи против Кристијанштад, додека Вардар и Бенфика се на делба на втората позиција со четири поени.
Дуелот меѓу Вардар и Бенфика е закажан за вечерва од 20.45 часот во СЦ „Јане Сандански“, а „црвено-црните“ очекуваат голема поддршка од своите навивачи кои би требало да ја исполнат спортската сала во Скопје.
Состав на Вардар за вечерашниот натпревар:


