Ракометарите на Вардар го победија Еурофарм Пелистер и се радуваат на трофејот во Суперкупот на Македонија.
Вардар го доби овој натпревар кој се одигра во салата „Парк“ во Струмица со 30:26, а дуелот понуди голема борба, а на крајот победа на екипата на Вардар. Шампионот кој беше голем фаворит потклекна пред ривалот во завршницата, во клучните моменти Вардар беше посконцентриран и дојде до триумф. Најголемото ракометно дерби почна изедначено и така се играше во текот на целото прво полувреме кое заврши нерешено (13:13), а во вториот дел повторно се играше гол за гол, се додека Вардар не направи предност од 2 гола разилка која ја чуваше и надградуваше до крајот на мечот за победа од 30:26.
На стартот на сезоната одличен настап во дресот на Вардар имаа новите засилувања, Марко Срдановиќ со осум и Стефан Петриќ со седум погодоци. Во таборот на Еурофарм Пелистер пак, со седум најдобар беше Богдан Радивојевиќ, а шест даде Кисум.