Македонскиот ракометен шампион Вардар со победа ја заврши групната фаза во Лигата на шампионите, откако на домашен терен со доминантна игра, славеше над европскиот првак Монпелје со резултат 33:27.
Вардар водеше од почеток до крај и не дозволи во ниту еден момент да му биде загрозена победата. Одлично го почнаа натпреварот и по неколку минути игра имаа предност од 6:1, за во првото полчувреме да имаат максимални +7 (11:4 и 12:5) , но сепак на одмор заминаа со предност од 16:13.
Во вториот дел гостите од Франција се заканија и дојдоа до минус 1 односно 18:17, за потоа Вардар до ја преземе играта во свои раце и да направи разлика која до крајот само ја зголемуваше. Во финишот од мечот Вардар повторно имаше максимални 7, за да го завршат мечот со пшобеда од 33:27.
Најдобар во победата на Вардар беше Кристопанс со седум гола, а зад него по ефгикасност се истакнаа Игор Карачиќ со шест и Чупиќ со пет постигнати гола, додека исто така одличен на голот на Вардар беше Дејан Милосављев, кој имаше 13 одбрани. Кај Монпелје, Порт даде пет, а Петерсон и Ричардсон дадоа по четири погодока.
И покрај оваа победа , поради триумфот во Полска на Веспрем, Вардар го освојува третото место во својата група.