Ракометарите на Вардар попладнево од 16.20 часот во С. Арабија ќе го одиграат првиот полуфинален меч на светското клупско првенство, Супер Глоуб.
По вчерашната победа над домашниот Мудхар, „црвено-црните“ денеска за противник го имаат славниот германски состав Кил. Германците, пак, во четврфиналето беа подобри од екипата на Замалек од Египет.
Дебито на Давид Писонеро вчера донесе лесна и очекувана, но денес „вардарци“ ќе го имаат првиот тежок испит во новата сезона.
Во второто полуфинале од 19 часот Барселона ќе игра со екипата на Ал Вехда.