Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Вардар посакува изненадување во Франција кај Монпелје
    Ракомет

    Вардар посакува изненадување во Франција кај Монпелје

    risteBy riste16/02/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометарите на Вардар вечерва гостуваат кај лидерот во групата А во Лигата на шампионите, Монпелје во рамките на 11. коло на Лигата на шампионите.

    Вардар ќе го одигра првиот натпревар од продолжението на сезоната во ова натпреварување со новиот предводник Давид Дејвис Камара. По поразот од Нексе во СЕХА лигата, Вардар предводен од Давид Дејвис победи против Пролет, Прилеп и Еурофарм Пелистер 2 во домашното првенство и Војводина во СЕХА лигата.

    Голем проблем за вардарци и тренерот Дејвис е повредата на Анте Гаџа, кој заедно со Борко Ристовски остана во Скопје и не отпатува со екипата. Позицијата среден бек и онака беше проблем за Вардар, па со неиграњето на Гаџа, јасно е дека Дејвис ќе мора да импровизира. Од официјализација на трансферот на Додиќ сè уште нема ништо, па на гостувањето во Франција ќе биде навистина тешко без класичен среден бек.

    Монпелје е голем фаворит во пресметката со Вардар. Македонскиот претставник во Лигата на шампионите е во серија од седум порази, која тргна токму од дуелот со францускиот тим во Скопје. Од тој натпревар Вардар имаше само порази, но без разлика на сето ова, од Вардар најавуваат дека нема да се предадат. Реално, најголема шанса за бодови Вардар ќе гледа на средбите со ППД Загреб, Мешков Брест и Елверум, преку кои ќе се обиде да обезбеди пласман во нокаут фазата на Лигата на шампионите.

    Натпреварот меѓу Монпелје и Вардар 1961 е закажана за денес со почеток од 18:45 часот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Кизиќ: Оваа победа ќе биде стимул за следни предизвици

    15/03/2023

    Јовиќ пред Нексе: Од играчите ќе барам лавoвска борбеност

    13/03/2023

    Португалија пресилна за Македонија и по втор пат

    12/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Патот кон ЕП го започнавме со победа
    • Семин: Кварацелија игра неверојатно добро
    • Гетце: треба да се вратиме на победите
    • Будка: фановите ги почитуваат руските фудбалери
    • Тотенхем гледа во Компани замена за Конте
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.