Вардар вечерва од 20:45 часот гостува кај Висла Плоцк во четвртото коло од групната фаза во Лигата на шампионите, со надеж дека ќе ја прекине серијата порази.
„Црвено-црните“ се без бодови по неуспесите против Мелсунген (31:33), Нант (32:33) и Висла (26:32). Македонскиот првак се надева на подобро издание во Полска, каде што веќе знаел да слави против овој ривал. Во 2017 година Вардар победи со 26:22, а една година претходно дуелот заврши нерешено (30:30).
За да се надева на нов подвиг, тимот ќе мора да ги намали техничките грешки, да ја подобри реализацијата и да одигра многу поцврсто во одбраната за разлика од првата средба во Скопје. Исто така ракометарите на Вардар ќе мора да најдат вистинско решение за одбраната на домашната екипа која игра одлично.

