Ракометарите на Вардар трета година по ред се освојувачи на куп-трофејот. Во денешното финале на завршниот турнир во Охрид, Вардар во драматична завршница го совлада Е. Пелистер со 26-25.
Иако беше без еден од најдобрите играчи Дејан Манасков, бранителот на титулата во текот на целиот меч беше во водство и на крајот сосема заслужено дојде до 16. трофеј во ова натпреварвање.
Куни Моралес и Дутра постигнаа по 7 гола за Вардар, додека Филип Талески имаше шест. Кај Еурофарм Пелистер, Усама Хосни и Мохамед Суси имаа по пет гола.