Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Вардар повторно надигран на гостински терен, пораз од Киелце
    Ракомет

    Вардар повторно надигран на гостински терен, пораз од Киелце

    risteBy riste16/11/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Европскиот и македонски ракометен шампион Вардар е повторно поразен на натпревар од Лигата на шампионите на гостински терен против Киелце и тоа убедливо со 35:25.

    Вардар во Полска отпатува со многу проблеми, посебно во бековската позиција, каде го немаа Даинис Кристопанс, додека Кристијан Дисингер беше даелу од можноста да даде максимум. Киелце не дозволи изненадување и во текот на целиот натпревар имаше предност која на одмор изнесуваше +3, односно 17:14.

    Во вториот дел домашната екипа само ја надградуваше предноста која во 50 минута беше 28:21, за да имаат и +11 на една минута до крај. Сепак Вардар успеа да постигне уште еден гол и да го заврши натпреварот со 35:25.

    Најдобри кај победничката екипа беа Карачиќ и Каралек со по шест гола, додека Волф имаше 13 одбрани, а кај Вардар, Дибиров заврши со осум гола, Скубе постигна шест, а Стоилов пет гола.

    Следниот натпревар кој Вардар го игра во Лигата на шампионите е повторно на гостински терен и тоа во Белорусија кај Мешков Брест, тоа всушност ќе биде  последен европски меч за 2019 година.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.