Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Вардар против Барселона за првата позиција во групата
    Ракомет

    Вардар против Барселона за првата позиција во групата

    risteBy riste11/11/2018No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометарите на Вардар денес ги очекува уште еден дерби натпревар во ЛШ, во Скопје гостува Барселона, а кога шпанскиот гигант доаѓа во СЦ „Јане Сандански“ секогаш салата е исполнета до последно место и има пеколна атмосфера.

    Средбата се игра денес од 17 часот, капацитетот на салата е распродаден, а првпат сезонава беа пуштени во продажба и билети за стоење. Тоа значи дека големата сала во СЦ „Јане Сандански” ќе биде вистински вулкан.

    Традицијата во однос на одиграните натпревари е на страната на Барселона, но сезонава Вардар повторно има квалитети со кој може сериозно да му парира на поранешниот повеќекратен европски шампион.
    Победникот од оваа средба ќе се искачи на врвот на табелата на Група А, а со реми и двете екипи биле на првите две места.

    Вардар ја има најдобрата одбрана во моментов во Лигата на шампионите. „Црвено-црните” примија само 155 гола на шест средби. Имаат гол разлика од „+18″. Вардар покажа дека промената на добар дел од ростерот не влијаеше на амбициите и на перформансите на екипата. Македонскиот тим има и две гостински победи оваа сезона, кај Веспрем и Монпелје.

    Барселона од друга страна го имаше најдобриот напад пред почетокот на ова коло. Ја има и најдобрата гола разлика, од „+41″.

    На дуелите во Скопје само еднаш победил Вардар, и тоа минатата година со 27:24 и еден натпревар заврши со реми, 29:29. Но, досега најважниот триумф Вардар го имаше во 2017 година на Ф4 турнирот во Келн кога во полуфиналето на ЛШ победи со 26:25.
    Почнувајќи од 2013 година „вардарци“ одиграа седум средби со Барселона, и двапати победија, еднаш беше нерешено, а четирипати триумфираше Барселона.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Валтер: Повредите се причина за слабиот старт во СЕХА

    03/02/2023

    Червар: Ме сменија зошто сметаат дека сум опасност за некого

    03/02/2023

    Одредени групите во женскиот ракометен Куп на Македонија

    01/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Кевин Трап останува во Ајнтрахт Франкфурт до 2026 година
    • Месут Озил на 34 години ја завршува кариерата
    • Моцарт е нов генерален спонзор на ТФТ
    • Валтер: Повредите се причина за слабиот старт во СЕХА
    • Форд ќе прави мотори за Ред Бул од 2026 година
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.