Лидерот во домашниот ракометен шампионат, Вардар 1961 вечерва го очекува голем предизвик во првиот меч од четвртфиналето од ЕХФ Европската лига. Вардар гостува кај францускиот тим Монпелје, кој за нијанса ја задржува улогата на фаворит.
Тимот предводен од Иван Чупиќ се наоѓа во одлична форма на домашната сцена, каде што е без пораз во плеј-офот и игра со голема самодоверба. Таа серија позитивни резултати може да биде многу важна пред денешното тешко гостување.
Натпеварот вечерва во Монпелје стартува во 20.45 часот.

