Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Вардар против Нексе денес ја започнува новата сезона од СЕХА лигата
    Ракомет

    Вардар против Нексе денес ја започнува новата сезона од СЕХА лигата

    risteBy riste04/02/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометарите на Вардар денес го играат првиот натпревар во новата сезона од регионалната СЕХА лига. На домашен терен ќе го пречкаат тимот на Нексе од Нашице, а последниот дуел меѓу овие два тима заврши во полза на хрватскиот тим. Екипата предводена од Бранко Тамше тогаш славеше на домашниот натпревар во март минатата година, а сега ќе се обиде да го изненади Вардар во СЦ „Јане Сандански“.

    На клупата на Вардар ќе дебитира Давид Дејвис откако се врати во клубот и го замени Веселин Вујовиќ, кој си замина поради лошите резултати во тековната сезона. „Црвено-црните“ се надеваат дека ќе го поправат впечатокот во вториот дел од сезоната и ќе ги исполнат своите планови и желбата на навивачите.

    Вардар е фаворит на оваа средба, но малиот број на тренинзи во комплетен состав оставаат доза на голема предпазливост во редвоуте на „црвено-црните“. Натпреварот се игра денес со почеток од 18:00 часот и ќе биде најава за останатите натпревари во регионалната лига.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија поразена од Србија во битка за бронзениот медал на МИ во Алжир

    06/07/2022

    На СП 2023 година Македонија ќе игра во Краков, а противници ни се Норвешка, Аргентина и Холандија

    02/07/2022

    Брестовац е нов тренер на Тиквеш

    02/07/2022

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Калин е во четвртфиналето на јуниорскиот Вимблдон
    • Македонија поразена од Србија во битка за бронзениот медал на МИ во Алжир
    • Решено е: Ибрахимовиќ останува во Милан уште една сезона
    • Бергвајн на медицински прегледи па трансфер во Ајакс
    • Нуњез е најдобар играч во португалската лига за минатата сезона
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2022 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.