Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Вардар против Порто без промена на составот од Монпелје
    Ракомет

    Вардар против Порто без промена на составот од Монпелје

    risteBy riste22/09/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометарите на Вардар денес ги очекува натпреварот од второто коло на Лигата на шампионите и прв натпревар на домашен терен по освојувањето на втората титула Европски првак.

    Тренерот Писонеро за оваа средба повторно се одлучи да им даде довеерба на оние кои ја остварија првата победа во новата сезона од Лигата на шампионите. По техничкиот состанок во Скопје, познати се составите на двете екипи кои попладнево ќе истрчаат на теренот во СЦ „Јане Сандански“ , а во Вардар нема да има промени и ќе играат истите како и на мечот со Монпелје.

    Без повредените Тоелдо и Стоилов, но со главните алки во играта Скубе и Кристопанс ќе биде Вардар на оваа средба. Во составот се најдоа и младите Кукуловски и Карапалевски, а исто така и Порто не го менува тимот кој во првото коло оствари победа против Мешков Брест.

    Средбата Вардар – Порто започнува од 17 часот, а ќе можете да ја следите низ нашата програма.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јовиќ пред Кил: Мора да се покажеме во многу поинакво светло

    26/09/2023

    Танески е нов селектор на кадетската ракометна репрезентација

    21/09/2023

    Лазаревски: Ова беше многу тежок, машки натпревар

    18/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Занети се наврати на успесите со Интер
    • Барнс ќе оди на подолга рехабилитација
    • ПФА ќе интервенира
    • УЕФА го одреди домаќинот на Супер Купот во 2024
    • МТЕЛ е нов спонзор на МЗТ Скопје А.
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.