Актуелниот европски ракометен шампион, Вардар, одбраната на круната ќе ја започне со гостување кај Монпелје во терминот од 11 до 15 септмври додека во второто коло ќе го пречека португалскиот состав Порто во СЦ Јане Сандански во теринот од 18 до 22.09.
Потоа Вардарци ќе ги очекуваат мечевите: 3 коло (25-29.09.2019) Мотор-Запорожје-Вардар, 4 коло (09-13.10.2019) Вардар-Кил, 5 коло (16-20.10.2019) Веспрем-Вардар, 6 коло(30.10.-03 .11 2019) Вардар-Мешков Брест,7 коло (06-10.11.2019) Вардар-Кијелце, 8 коло (13-17.11 . 2019) Кијелце –Вардар, 9 коло (20-24.11.2019) Мешков Брест-Вардар, 10 коло (27.11.-01.12.2019) Вардар-Веспрем, 11 коло (05-09.02.2020) Кил-Вардар, 12 коло (16.02.2020) Вардар-Мотор Запорожје, 13 коло(19-23.02.2020) Порто-Вардар, 14 коло (26.02.-01.03.2020) Вардар-Монпелје.
Од групата „Б“ победникот оди во 1 /4 финалната рунда додека екипите од второто до шестото место ќе играат во осмина-финалето.