Ракометарите на Вардар ја запиша првата победа во новата сезона од Лигата на шампионите, откако на домашен терен го совлада Мешков Брест со убедливи 35-27 (19-13). Вечерва Вардар потсети на шампионските денови кога играше со голема самодоверба и без проблем ги газеше противниците.
Мартин Томовски средбата ја заврши со десет одбрани, Кевин Њокас беше прв стрелец со осум гола, а Моралес постигна шест.