Ракометарите на Вардар ја освоија двојната круна во македонскиот ракомет оваа година. Во супер-интересното финале на завршниот турнир во Кавадарци, Вардар се врати од минус 4 на полувремето и на крајот со 23:22 го совлада Е. Пелистер и успеа да го освои 15. куп-трофеј во клупската историја.

Битолчани треба да жалат, бидејќи имаа отворен пат кон пехарот, но се чини немаат искуство за вакви големи битки. Талески постигна шест гола, зад него беше Џукиќ со пет, Томовски имаше 12 одбрани. На другата страна Периќ и Граџан имаа по пет гола, Секељи имаше 13 интервенции.
Финалето го одбележаа и кратки инциденти, на стартот на мечот и по завршување на првото полувреме.

