Ракометарите на Вардар се порезени во трет натпревар во низа од Лигата на шампионите, овој пат од Кил на домашен терен со 26:29 (13:10).
Вардар одигра добро прво полувреме, пред се благодарение на одличниот Мартин Томовски кој беше фантастичен на голот на Вардар, но и покрај тоа на одмор заминаа „црвено-црните“ со предност од 13:10. За жал играта од првото полчувреме не беше повторена во вториот дел во кој Кил доминираше и дојде до предност од 18:19, која ја одржуваше до самиот крај за победа од 26:29.
Најдобар кај Вардар кај стрелците беше Тимир Дибиров со десет гола, пред дури шест стрелци со по два гола, тоа беа Стоилов, Њокас, Моралес, Тото, Гаџа и Талески. Кај Кил, најдобар беше Дувњак со седум гола, Пекелер даде шест, а Дамке и Рајнкинд постигнаа по три.
Во следното коло Вардар го очекува тежок натпревар и тоа гостување кај екипата на ПИк Сегед која вечерва го совлада Алборг пред своите навивачи.