Ракометарите на Вардар 1961 ја извојува аи петтата победа во првата фаза од ЕХФ Европската Лига. Вечерва во Скопје, „црвено-црните“ славеа над француски Тулуз со 37-35.
Гостите одиграа одлично прво полувреме и водеа на паузата со 16-18, но по реакциите на Чупиќ на полувремето, Вардар направи комплетен пресврт и на крајот дојде до очекуваната победа. Сè беше јасно за „црвено-црните“ и пред мечот, а се реши и последната дилема. Во главната фаза вардарци одат со два бода откако Кристијанштад го победи Сесвете во драматичен финиш со 28-27.
Така Швеѓаните заедно со двократниот европски првак од Скопје одат во следната фаза со по два освоени бода. Таму Вардар и Кристијанштад ќе вкрстат со Мелсунген и Бенфика.

