Ракометарите на Вардар ќе имаат тешка задача на гостувањето кај Веспрем, во рамките од реванш осминафиналниот натпревар во Лигата на шампионите. Унгарскиот тим забалежа убедлива победа на гостувањето во Скопје, па сега е само на чекор од пласман во следната фаза од натпреварувањето.
Македонскиот шампион имаше добар старт на натпреварот во Скопје, но подоцна имаше голем пад во играта кој резултираше со убедлива победа на гостинската екипа.Изминативе неколку години Веспрем има одличен скор во меѓусебните дуели со Вардар, а тоа ќе сакаат да го потврдат и на овој натпревар во кој Вардар ќе се обиде да го поправи впечатокот од првиот натпревар.
Веројатно денес македонскиот шампион ќе ја заврши сезоната во во Европа. Тоа значи дека ракометарите на Вардар и тренерот Давид Дејвис ќе се насочат кон битката за трофеи во домашниот шампионат и купот.
Натпреварот меѓу Веспрем и Вардар се игра денес со почеток во 18:45 часот.