Голот на Хориха пред звукот на сирената донесе голема победа на Вардар со 35:34 на теренот на Еурофарм Пелистер во дербито на 5 коло во ракометната Супер-лига.
Во крајно драматичен меч во Битола со дури 16 пенали за едно полувреме, „црвено-црните“ одиграа фантастична акција по досудените 9 метри а Хориха постигна прекрасен гол за голема радост на гостинските фанови.
Во скопскиот состав Младен Крсманчиќ беше најдобар со 11 голови пред Дмитро Хориха и Вуко Борозан кои застанаа на седум. Во домашниот тим Дејан Манасков имаше 10 голови а Филип Кузмановски постигна девет.

