Ракометарите на Вардар му се реваншираа на Татран Прешов за премиерниот пораз во новата сезона од СЕХА лигата, совладувајќи го донеска во Скопје со 29:24 (15:10).
Избраниците на Владо Недановски освен во првите десетина минути од мечот во кои се обидуваа да го „скршат“ противникот, во остатокот на мечот имаа комплетна доминација. „Црвено-црните“ одиграа одличен меч и успеаја да дојдат до висока победа, која може да им го донесе и првото место во групата на крајот од групната фаза.
Чувара постигна 5 гола и беше најефикасен кај Вардар, каде со по 4 гола се истакнаа и Моралес, Георгиевски и Дутра Фереира. Томовски беше одличен на голот забележувајќи 12 интервенции.