Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Вардар стартуваше со победа на турнирот во Требиње
    Ракомет

    Вардар стартуваше со победа на турнирот во Требиње

    risteBy riste09/08/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Европскиот, македонскиот и СЕХА-шампион, Вардар, ја започна сезоната со првиот контролен натпревар одигран на турнирот во требиње и тоа со победа.

    Шпанскиот стратег Давид Писонеро ја започна својата ера на клупата на Вардар со победа над Борац Бања Лука од 34:30 (18:12).

    Вардар одигра моќно прво полувреме и се одлепи на плус шест гола, но во вториот дел шанса добија ракометарите од клупата, па Борац дојде до пристоен пораз од само четири гола разлика.

    Стрелци за Вардар:
    Кукуловски 1, Димитриоски, Гашовски, Криштопанс 2, Сикошек Пелко 4, Дисингер 3, Атман 3, Скубе 3, Чупиќ 1, Толедо 1, Дибиров 9, Горбок 2, Шишкарев 3, Горпишин 3, Кугис, Гогов.

    Турнирот во Требиње е место каде Вардар ги игра првите натпревари за подготовка и темпирање на формата во сезоната каде ќе ја брани европската титула. Следен противник на Вардар е тимот на домаќинот Леотер, меч кој се игра вечерва од 21:00 часот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.