Ракометарите на Вардар победија на гоствањето кај Кристианштад, но многу потешко од очекувањата.Вардар победи со 32:30, благодарени на добрата игра во вториот дел.
Вардар лошо го започна натпреварот и по стартното водство од 1:0 му дозволи на домашниот тим да има контрола над резултатот и константно да биде во предност. Само уште двапати во првото полувреме Вардар имаше предност од 10:9 и 16:15, додека во самата завршница на првиот дел Кристианштад успеа да дојде најнапред до израмнување, а потоа и до водство со кое замина на одмор од 17:16.
Во второто полувреме нешто подобра игра на Вардар, но еден од позитивните моменти беше исклучувањето на двајца играчи на домашната екипа кое Вардар го искористи да направи пресврт и од 17:19, да го сврте резултатот во своја корист од 21:19.
Од тој момент Вардар ја презеде иницијативата и имаше двапати предност од +4 (27:23 и 28:24) , но сепак во самиот финиш имаше вистинска драма, Вардар водеше со 31:30, а домашниот тим не реализираше контра која ја спречи Гедбане и му даде шанса на нашиот тим да го има последниот напад кој го реализираше Шишкарев за победа од 32:30.
Најефикасен во редовите на Вардар беше Кристопанс со 7 гола, додека Скубе и Шишкарев постигнаа по 4 гола. Одличен на голот на Вардар беа Милосављев во првото и Гедбане во второто полувреме.
Последниот натпрервар од групната фаза за Вардар ќе биде мечот со актулениот европски шампион Монпеље на 2 март во Скопје.