Македонските претставници во ракометната Лига на шампиони, Вардар о Металург денеска ги почнуваат натпреварите во новата сезона. Вардар му гостува на Монпелје со кого веќе се сретнаа на минатиот Ф4 турнир во Келн, додека екипата на Металург игра во Лисабон против Спортинг.
Вардар со значително изменет состав, без тренерот Раул Гоналез и неколку клучни играчи ќе се обиде да се одржи на највисоко ниво против силните противници. Актуелниот европски шампион, Монпелје, секако дека ја има улогата на фаворит, но „црвено-црните“ ќе се обидат да направат изненадување.
Металург предводен од Данило Брестовац му гостува на Спортинг во Лисабон. Пред почетокот на новата сезона во Лигата на шампионите тимот од Автокоманда доживеа удар со заминувањето на Филип Кузмановски и прашање е колку Металург навистина ќе има сили оваа сезона.