Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Вардар убедлив кај Војводина за прва сезонска поеда во СЕХА лигата
    Ракомет

    Вардар убедлив кај Војводина за прва сезонска поеда во СЕХА лигата

    risteBy riste08/02/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    По неочекуваниот пораз од Нексе во првото коло, актуелниот шампион ан Македонија, Вардар 1961 одигра одличен натпревар и сигурно славеше над српскиот првак Војводина со 26:16 на гостувањето во Нови Сад, во рамки на второто коло од регионалната СЕХА-лига.

    „Црвено-црните“ до овој резултат дојдоа со одлично одиграно второ полувреме во кое тимот ја одигра најагресивната одбрана можеби во досегашниот дел од сезоната. Во првите триесет минути вардарци доста се мачеа да пронајдат вистински ритам, меѓутоа имаа предноста и контрола на играта и резултатот во текот на првиот дел кој го завршија во своја полза од 11:9.

    Во вториот дел да следи феноменална игра во одбраната, а тоа ја натера Војводина во дваесет минути да постигне само два гола. Длабоката одбрана на Вардар, исто така и зоната 5-1 го принуди противникот да греши во нападите, а тоа се казнуваше со голови преку контри. На десет минути пред крајот македонскиот првак имаше двоцифрена предност (13-23), па веќе беше јасно дека победата ќе му припадне на Вардар, атоа му даде шанса на Давид Дејвис да ги види сите играчи на теренот. Најдобар стрелец кај Вардар беше Тимур Дибиров со седум гола од осум обиди, пред Оливие Њокас со четири. Кај голманите Томовски имаше четири, а Гогов три тодбрани. Кај домашната екипа најистакнат беше Јовица Николиќ со пет постигнати гола. Следен натпревар за Вардар во СЕХА-лигата е на 18 февруари, кога тимот гостува кај Нексе во Нашице.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија поразена од Србија во битка за бронзениот медал на МИ во Алжир

    06/07/2022

    На СП 2023 година Македонија ќе игра во Краков, а противници ни се Норвешка, Аргентина и Холандија

    02/07/2022

    Брестовац е нов тренер на Тиквеш

    02/07/2022

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Калин е во четвртфиналето на јуниорскиот Вимблдон
    • Македонија поразена од Србија во битка за бронзениот медал на МИ во Алжир
    • Решено е: Ибрахимовиќ останува во Милан уште една сезона
    • Бергвајн на медицински прегледи па трансфер во Ајакс
    • Нуњез е најдобар играч во португалската лига за минатата сезона
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2022 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.