Ракометарите на Вардар одиграа беслакава партија против Мотор Запорожје и забележаа голема победа со 38:28 во рамките на Лигата на шампионите.
„Црвено-црните“ и покрај сите проблеми и заминувањето на дел од ѕвездите, дојдоа до значајни бодови во трката за наредната фаза во ракометната елита. Вардар, брзо дојде до пет голови предност 7:2, Мотор успеа да дојде до минус еден 11:10, но,европскиот шампион направи серија и замина на пауза со предност од 16:11. Во второто полувреме Вардар имаше и 11 голови предност.
Сташ Скубе постигна осум голови, Дибиров и Горбок застанаа на пет голови. Кај гостите Пуковски беше најефикасен со шест голови. Вардарци на две кола пред крајот го заверија пласманот во осминафиналето.