Екипата на Вардар славеше на првиот четвртфинален натпревар против Војводина во рамки од регионалната СЕХА лига со убедливи 38:25.
Во натпревар, кој во ниту еден момент немаше неизвесност, македонскиот шампион ја откажа Војводина уште на првата средба во Скопје.
Ракометарите на Вардар својата задача ја завршија уште во првото полувреме, во кое имаа доминантна игра против младиот тим од Нови Сад. Вардар имаше посакуван старт, поведе со 5:0, разиграни беа Моралес, Талески, Чувара, додека одбраната беше беспрекорна, па така останатиот дел од натпреварот беше само завршување на работата до крај. Вардар го зварши првиот дел со убедливи 22:11, а во второто полувреме Владо Недановски им даде шанса на останатите ракометари да си ја одработата задачата и да дојдат до убедлива победа од 38:25.
Најефикасен во редовите на Вардар беше Јан Чувара со десет погодоци, осум постигна Куни Моралес. Кај Војводина единствена светла точка беше Симо Шијан, кој постигна 10 погодоци.