Денеска во центарот на вниманието на македонската ракометна јавност ќе биде дуелот меѓу Бутел Скопје и Вардар, но не поради резултатка неизвесност и значење туку поради тоа што новиот шампион ќе го добие пехарот за освоената титулата.
Тимот на Бутел требаше да игра на домашен терен, но направија џентлменски потег и ја прифатија опцијата да гостуваат во СЦ „Јане Сандански“ за Вардар на домашен терен да ја прослави титулата со своите навивачи.

Мечот стартува од 19:00 часот, а по крајот н аистиот ќе се следува и свеченото доделување на пехарот за шапмпионската титула и медалите.
Исто така денеска од 18:00 часот во Радовиш се игра и натпревар од суперлигашкиот плеј-аут, меѓу радовишани кои испаѓаат од елитната конкуренција и Струга која ќе игра бараж за опстанок со екипата на Младост Богданци.

